сабота, 27 јули 2024

Шундовски: Избрзавме со последниот шут

Објавено на

часот

Сподели

„Беше многу тежок натпревар, одигравме во висок ритам, бевме супериорни во првото полувреме, во вториот дел имавме пад. Може веќе го плаќаме данокот што четири меча по ред играме со силни екипи и што екипата е уморна. На крајот успеавме да се вратиме, имавме напад за победа, малку избрзавме, не требаше да шутираме толку брзо, требаше во последните 3-4 секунди да го упатиме тој удар, зашто и бод ќе беше добар резултат за нас. Но по којзнае кој пат немавме среќа, топката се одби во нивните раце и добивме уште еден поразителен резултат. Тоа што сакам да го потенцирам е дека не смеевме да правиме егзибиции на шест разлика, тоа не се прави со екипи од Скандинавија и на големи натпреварувања. Се надевам дека ќе бидеме попаметни другпат“, вели Шундовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ