Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, пожарот кој зафати поголема површина борова шума во атарот на селата Дебреше и Здуње е се уште активен, но со послаб интензитет.
„Екипите на Национални шуми и ренџерите од Националниот парк Шар Планина се на терен. Доколку проценат е потребна воздушна поддршка, во текот на денот истата ќе им биде испратена“, вели Ангелов.
Екипите кои синоќа беа на терен работеле на заштита и спречување на проширување на огнот кон куќите на двете села. Утрово екипи на ТППЕ Гостивар се на терен и ја следат состојбата.