Евакуирани се жителите на неколку села и гости на два хотели во Кушадаси.
Првиот пожар избил во атарот на селото Карачадаг, вчера попладне, и неговото гасење почнало во рок од десетина минути, вклучувајќи и од воздух, пренесе телевизијата ТРТ Хабер.
Во рамки на мерките за претпазливост евакуирани се жителите на селото.
Друг пожар избил во одморалиштето Чешме во истата провинција Измир, како и долж автопатот Измир-Чешме.
Поради пожарот делницата од Измир до Чешме била затворена за сообраќај околу дваесетина минути, но по интервенцијата на пожарникарите, патот бил повторно отворен.
Forest fires engulf three provinces in Turkey
The highway between the city of Selcuk and the resort of Kusadasi is blocked. The Turkish Ministry of Defense sent an additional five helicopters to help firefighters, local media reported. pic.twitter.com/siQhtw7OTv
— 𝙀𝙉𝘿𝙇𝙀𝙎𝙎….. (@TheInsightMaven) June 30, 2024
Во провинцијата Чанкале пожарникарите гасат пожар кој зафатил земјоделско земјиште во регионот Езине, а мештаните на две села се евакуирани.
Голем шумски пожар гори во провинцијата Измир во близина на приморското село Памучак, а набрзо се проширил до шумата на одморалиштето Кушадаси во соседната провинција Ајдин.
Сообраќајот на автопатот Селчук-Кушадаси е прекинат поради пожарот, кој од воздух го гасат четири авиони и пет хеликоптери.
Поради пожарот кој поради ветерот се движел кон Кушадаси, евакуирани се два хотели во округот Бајраклидеде. Гостите кои престојувале во загрозените хотели се упатени во други хотели во близина.