сабота, 11 јануари 2025

Шукова: Од унгарскиот кредит власта не намени ниту едно евро за загадениот воздух

Борбата против загадувањето мора да стане приоритет на власта која целосно го игнорира и не презема никакви мерки. Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ВМРО-ДПМНЕ да спие како власт, централна и локална. Како опозиција ветуваа една милијарда евра инвестиции и намалување на загадувањето за 50 отсто. Нема ништо од тоа, рече денеска на прес конференција потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова.

Објавено на

часот

Сподели

„Од кредитот од Унгарија, вреден 250 милиони евра власта не намени ниту едно евро за да го намалат загадувањето на воздухот. И ова е уште една потврда дека власта нема намера ништо да преземе. Дополнително, власта ги намалите парите во буџетот за борба против загадениот воздух и има нула денари предвидено за програмите кои функционираа со години. Исто е и со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои за три години не презедоа ништо и понатаму не преземаат ништо, а локалната власт има широки ингеренции“, рече Шукова.

Шукова од локалните власти во кои градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ, општините да донесат Програми за субвенција за набавка на еколошки системи за затоплување во јавните објекти, субвенции за набавка на велосипеди, субвенции за чистење на оџаците, за набавка на топлински пумпи, сончеви колектори, инвертер клима уреди и други чисти технологии, да набават и да постават прочистувачи на воздух во сите градинки и општински училишта, да инвестираат во филтри на прозорците на училиштата и градинките кои се непропустливи за штетните честички ПМ 10 и ПМ 2,5.

„Општините да им помогнат на социјално загрозените семејства при набавка на енергенс за затоплување – посебна Програма за субвенционирање. Да се спроведе план за интензивно зазеленување на јавните површини(по примерот на локалната власт во Скопје кога беа обезбедни нови 300.000 метри квадратни нови зелени површини во Град Скопје). Во Скопје конкретно, да се набават нови еколошки автобуси за Град Скопје. 25 пати не е донесена Одлуката за набавка на нови еко автобуси за Град Скопје на Совет затоа што советниците на ДПМНЕ гласаат против.
Да се вршат редовни контроли на инсталациите со Б интегрирана дозвола и контроли на градилиштата, дали изведувачите спроведуваат мерки за миење на тркалата. Интензивно миење на улиците, редовно собирање на отпадот и чистење на дивите депонии од страна на јавните комунални претпријатија. Да се започне постапката за носење на Закон за комунална полиција, а не истиот да се користи како популизам.
Локалните власти на граѓаните да набавуваат еколошко така наречено суво дрво за огрев“, рече Шукова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ