понеделник, 17 јуни 2024

Шукова: Мора да соработуваме за отпадот да не стане ѓубре

Објавено на

часот

Сподели

„Сметам дека преку воспоставување на добра и отворена комуникација, размена на искуства и предизвици со кои се соочуваат сите чинители во процесот со управување со отпад во спроведувањето на законите од областа и проширената одговорност на производителите ќе си помогнеме едни на други во поуспешна имплементација на законите и исполнување на националните цели за собирање на отпад, изјави министерката за животна средина и просторно планирање“, Каја Шукова.

Таа потенцираше дека Министерството има издржани планови и политики поткрепени со силен сет на еколошки регулативи во кои е предвидено преземање на акција во секоја фаза од производството и потрошувачката, но потребна е силна општествена одговорност и на производителите и на потрошувачите, промена на целокупниот концепт и пристап во областа при што ќе зборуваме за управување со ресурси, а не со отпад или ѓубре, но и усогласување и обезбедување на услови за секоја и најмала општина за селекција, собирање и рециклирање на отпадот.

„Не треба да криеме дека има проблеми во воспоставувањето на системите, бидејќи тие се комплексни и секако во насока на унапредување на оваа законска регулатива, но и со колективните постапувачи и затоа треба да седнеме заедно за да видиме како поефикасно да работиме,посебно во делот на проширената одговорност на колективните постапувачи и она што го прибираме ние како држава и тие како да го вратиме кон граѓаните“, додаде министерката Шукова.

Според Панче Ангелов, претставник на Асоцијација за управување со посебни текови на отпад при Стопанската комора на Северна Македонија, на работилницата се разменувале искуства од имплеметацијата на законите кои се однесуваат на собирање на посебен отпад, како што е отпадот од електрина опрема, отпадот од амбалажа и батерии, како отпадот на гуми и автомоболи.

На настанот се обрати и Филип Иванов претседател на Асоцијацијата кој што истакна дека ваквата соработка и усогласување меѓу различните актери во системот на управување со отпад е многу важна. Секој треба да биде одговорен во извршување на обврските, како производителите, така и потрошувачите доколку сакаме да се справиме со отпадот.

Според податоците од над 70.000 регистрирани компании само 1.600 плаќаат надоместок за отпадот што го создаваат при производство на производите што ги пласираат на пазарот.

Договорена е заедничка и координирана работа на Министерството, инспекциските служби, Царинската управа и Управа за јавни приходи за да се надминат аномалиите во функционирањето на системот.

поттикне развојот на пазарните услови за работа од што сите ќе имаме бенефит и секако чиста животна средина.

На настанот присуствуваа деловните субјекти од дејноста, надлежните владини институции за воспоставување законска регулатива, инспекциските служби кои имаат обврска да ја следат примената на регулативата и локалните самоуправи кои се обврзани да ја имплементираат истата.

Организатор на работилницата е Асоцијацијата за посебни текови на отпад при Стопанската комора на Северна Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ