сабота, 27 јули 2024

Шукова и Бојмацалиев ја предводеа владината делегација пред споменикот на Свети Кирил и Методиј

Владина делегација предводена од министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, денеска положи цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј, на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјем, во пресрет на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители.

Објавено на

часот

Сподели

Владината делегација, како што стои во соопштението од владината прес-служба, оддаде почит на просветителското дело на светите браќа кое е од темелно значење за македонскиот јазик, идентитет и култура.

„Владата во изминатите години со низа активни политики го заштити и унапреди македонскиот стандарден јазик, обезбедувајќи го неговиот континуитет. Од пред две години, македонскиот јазик е на рамноправно рамниште и со официјалните јазици во институциите на Европската Унија. И во оваа насока, Владата го потенцира значењето на мудрите и проактивни политики, со цел натамошна афирмација и интеграција на македонскиот јазик, идентитет и култура, во демократските семејства на јазици, народи и култури“, се вели во владиното соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ