Чурлинов имаше успешна сезона во Шалке со кој се врати во Бундеслигата, тој во тимот од Гелзенкирхен играше како позајмен фудбалер од Штутгарт.
Македонецот има желба да остане во Шалке, а Штутгарт ја одреди цената која ќе треба да се плати за да се откупи Чурлинов.
Штутгарт бара три милиони евра, останува да видиме дали Шалке ќе ја плати таа сума за да го задржи нашиот фудбалер.