недела, 26 мај 2024

Штрајкот на специјализантите ставен во мирување

Приватните специјализанти привремено го ставаат генералниот штрајк во мирување поради пациентите, сензитивноста на периодот и отежнатата работа на клиниките во комплексот „Мајка Тереза“, но секој вторник за време на паузата ќе излегуваат во паркот пред интерните клиники за да потсетат дека треба да се решат нивните барања.

Објавено на

часот

Сподели

Доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, рече дека јавно се оградуваат од било каква политичка поврзаност и мотивираност. Единствениот мотив за штрајкот, како што посочува,  бил што биле доведени до работ на егзистенција. Таа упати порака во името на своите колеги дека нема да се отстапат додека не се решат нивните барања и дека веднаш по изборите ќе побараат решавање на проблемите.

„Во знак на изразување на револт што нашите барања се уште не се прифатени, приватните специјализанти од следната недела, секој вторник за време на својата пауза, во 11 часот ќе се собираат во паркот пред интерните клиники, со цел да покажеме дека сме тука, постоиме и чекаме да се решат нашите проблеми“, рече Илиоска Чешлароска, изразувајќи благодарност до колегите државни специјализанти и специјалисти кои им даваат поддршка.

И претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева нагласи дека ставањето на штрајкот во времено мирување никако не значи откажување од било кое барање.

„Се надеваме веднаш по завршување на изборниот процес и формирање на новата Влада, дека сите барања ќе бидат решени – здравствено осигурување, плата на ниво на просечен лекар и вработување на сите колеги кои се на специјализација“, нагласи таа.

Георгиева рече дека податоците покажуваат оти над 70 проценти од студентите на Медицинскиот факултет активно учат германски јазик, што според неа не е случајно. Според статистиките на Македонското лекарско друштво, над 250 лекари секоја година ја напуштаат државата што е еднакво на бројот на студенти што се запишуваат на Медицинскиот факултети.

Владата на седница во вторникот донесе одлука статусот на приватните специјализанти да се решава по изборите со предлог-законски решенија со кои ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ