среда, 22 јануари 2025

Штрајкот е одложен, аеродромите во Скопје и Охрид се отворени

Штрајкот на контролорите на летање е ставен во мирување до крајот на месецот, а ќе продолжи доколку не бидат исполнети барањата искажани преку нивниот синдикат. Доворот е помеѓу министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и Синдикатот на контролори на летање, како и меѓу тројцата директори на Македонска навигација (М-Нав). Според договорот, сите барања на Синдикатот ќе мора да се остварат до крајот на месецот, а министерот кажал дека самиот ќе го следи процесот на остварување на барањата.

Објавено на

часот

Сподели

„Продолжуваме со заеднички координации да работиме за целосно реализирање на превземените обврски од двете страни. Се согласивме да работиме на подигање на нивото на транспарентноста за сите прашања, се до изработката на студијата која ќе ги даде идните правци за развој на претпријатието. Со ова ја информираме јавноста дека штрајкот ќе биде одложен, со цел давање на простор за надминување на отворените прашања“, соопшти од Министерството за транспорт и врски.

Контролорите на летање бараат да престанат партиските вработувања и да се води сметка за професионалниот капацитет при новите вработувања, подобрување на условите за работа, замена на застарената опрема.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ