сабота, 27 јули 2024

Штрајк во Грција на годишнината од железничката несреќа во која загинаа 57 лица

Возовите денес се запрени, а бродовите закотвени на пристаништата во близина на главниот град Атина. Работниците ги напуштија своите работни места за да ја одбележат годишнината од најсмртоносната железничка несреќа во земјата, пишува Екатимерини.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На 28 февруари 2023 година, патнички воз од Атина до северниот град Солун директно се судри со товарен воз, при што загинаа 57 лица. Несреќата поттикна масовни протести, која како што многумина сметаат е резултат на децениското запоставување на железничкиот сектор.

Демонстранти од железници, јавни службеници, морнари и наставници ќе се приклучат на 24-часовниот штрајк на најголемиот грчки синдикат на јавниот сектор АДЕДИ, кој претставува околу половина милион работници.

„Една година подоцна, повторно сме на улица за гласно да викаме дека нема да заборавиме“, се вели во соопштението на АДЕДИ. „Ќе продолжиме да се бориме за одговорните да бидат повикани на одговорност“.

Шефот на станицата беше уапсен неколку часа по несреќата, а грчки судија го истражува случајот. Судењето најверојатно ќе започне во јуни, соопшти владата.

Сепак, многу преживеани и роднини на жртвите велат дека политичарите, кои се заштитени според грчкиот закон од кривично гонење, исто така треба да преземат одговорност за недостатоците во безбедносниот систем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ