сабота, 27 јули 2024

Штрајк во Државниот испитен центар, нема тестирање за ТИМСС, неизвесна е и матурата

Објавено на

часот

Сподели

Вработените во ДИЦ секој ден ја очекуваат одлуката на Министерството за образование за зголемување на нивните плати за да можат да продолжат со нивните секојдневни активности и да го спроведат матурскиот испит кон крајот на овој месец.

Меѓународното истражување ТИМСС, во кое на ученици од цел свет од четврто до осмо одделение им се проверуваат стекнатите знаења по математика и по други предмети од природните науки, мора да се реализира до крајот на учебната година, додека се децата на училиште. Рокот за завршување на овие тестирања е 25 мај.

За државната матура веќе се размислува на нови датуми за полагање наместо сегашните 27 мај и 10 јуни.

ДИЦ го организира и полагањето приправнички испит во училиштата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ