Синдикатот бара зголелување на бодот за 30 проценти, исплата на вториот дел од платата за февруари, исплата на ноќна работа за кондуктерите, како и вработување на 40 машиновозачи и подобрување на условите за работа. Овие барања тие ги испратиле до Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и до Владата.
Велешани, посебно оние кои секојдневно патуваат со воз на работа или школување во Скопје, реагираат бидејќи трошоците за патување им се зголемуваат. Мора да користат автобус, за што билетот е 200 денари во еден правец, додека повратна карта за воз е 180 денари.