петок, 23 февруари 2024

Што ни велеа пред 5 години: Пасошите ќе се менуваат тогаш кога ќе им истече рокот

По потпишувањето на Преспанскиот договор македонските власти сосема поинаку ја објаснуваа практичната примена на одредбите на овој договор. Двете земји, Македонија и Грција, имаа 5 години време да се подготват за ова. Деновиве гледаме во што се претвори оваа подготовка.

Објавено на

часот

Сподели

Еве што по потпишувањето на Преспанскиот договор, на конференција за медиумите објаснуваше Миле Бошњаковски, тогашен портпарол на Владата на Република Македонија.

„Самиот договор е етапен договор. Значи имплементацијата е во наредниот петгодишен период. И како се отвораат поглавјата од преговорите за членство во ЕУ, така и ќе се применуваат одредени решенија. Во однос на трошоците, тоа што можеме да кажеме е дека нема во еден ден да се менуваат сите патни исправи. Туку, како што завршува рокот за секоја патна исправа, така и ќе се менува. Тие трошоци во однос на патните исправи ќе бидат во насока на редовните трошоци за вадење на патни исправи на граѓаните на Република Македонија. За сите други трошоци, во моментов се прави анализа, постои можност истите да бидат решени на начин на кој што граѓаните на Република Македонија нема да почувствуваат никаков дополнителен трошок“, изјави тогаш Бошњаковски.

Преспанскиот договор е потпишан на 17 јуни 2018 година, а Владата на Македонија иформираше дека од 12 февруари 2019 година, влегува во сила Преспанскиот договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ