понеделник, 3 март 2025

Што е подобро за губење на тежина: 30 минути трчање или 10.000 чекори

Во едно истражување се сугерира дека другите видови тренинзи, наместо 10.000 чекори, може да ги имаат истите ефекти врз губење на тежината, подолг живот и помал ризик од срцеви заболувања.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Во четиригодишното истражување учествувале речиси 15.000 здрави жени на возраст над 62 години, од кои секоја носела уред за мерење на нивото на активност и пополнувале здравствен прашалник секоја година, во кој одговарале на прашања за тоа дали пушеле, пиеле, давале информации за висината, тежината, менопаузата и личната семејна медицинска историја.

Тим од експерти откриле дека жените кои пешачат од 8.000 до 8.500 чекори дневно го намалуваат ризикот од срцеви заболувања за 40 отсто, во споредба со оние кои пешачат околу 3.000 чекори на ден. Уште повеќе, тие откриле дека 75 минути вежбање дневно го имаат истиот ефект – што укажува дека броењето чекори може да биде непотребно.

Доктор Рикута Хамаја, главен автор на студијата и истражувач во Одделот за превентивна медицина во Бригам и Женската болница, изјави: „За некои, особено помладите поединци, вежбањето може да вклучува активности како што се тенис, фудбал, одење или џогирање, а сето тоа може лесно да се следи со чекори“.

„Сепак, за други тоа може да се состои од возење велосипед или пливање, каде што е полесно следењето на времетраењето на вежбањето. Затоа е важно упатствата за физичка активност да нудат повеќе начини за постигнување на целите“.

„Секој од нас избира различен начин на движење и речиси сите форми се корисни за нашето здравје“.

Истражувањето траело од 2011 до 2015 година, а истражувачите ги следеле жените до крајот на 2022 година, пренесува Дејли мејл.

Учесниците беа поделени врз основа на времето што го поминале во вежбање или бројот на чекори што ги направиле.

Тимот откри дека оние кои поминуваат најмногу време (околу 200 минути) вежбајќи или пешачеле најмногу чекори (околу 8.000 до 8.500) го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и смрт до 40 отсто во споредба со оние со најнизок процент (од девет до 12 минути вежбање или околу 2.800 до 3.00 чекори).

Девет отсто од учесниците кои тренирале 62 минути неделно и правеле 5.183 чекори дневно починале до 2022 година, четири отсто од нив развиле срцеви заболувања.

„Наодите укажуваат на тоа дека пациентите можат да направат избор за тоа колку чекори ќе направат или колку ќе вежбаат за да го намалат ризикот од смрт или кардиоваскуларни болести“, напишаа истражувачите.

Сепак, важно е да се нагласи дека ова истражување беше набљудувачко, така што наодите не можат да се потврдат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ