Овие работи Асадови ги оставиле во семејната куќа по бегството од земјата, а според пишувањето на новинарите на Скај њуз, по расфрланите предмети се гледа дека семејството набрзина ја напуштило куќата.
Во таа куќа, се наведува, една од многуте што ги имал Асад, тој живеел со семејството, а тоа што е откриено внатре било вчудовидувачко.
На горниот кат на куќата се пронајдени гардероба од скапи марки, антиквитети, многубројни кутии за накит, а на долниот кат на куќата се пронајдени пликови со документи, но и банкарски сметки со неверојатни суми пари на моминското име на сопругата на Асад, Асмина.
Инаку, таа во интервјуата инсистираше дека Асадови живеат живот на средната класа, но откритијата во куќата говорат дека тоа било далеку од вистината.
„Асадови очигледно избегале набрзина. Во оваа нивна семејна куќа пронајдовме каде Асмин ги чувала своите драги спомени на семејниот живот што го оставиле зад себе. Тука имаше подароци што ѝ ги направиле децата во училиште, семејни фотографии на Асад од одмор, подводни фотографии на тиранинот од Дамаск како плива и едри на штица. На една полица најдовме фотографии од венчавката на Асмин и Башар. Таа со обожавање го гледа во очи. Ја довел во Дамаск од нејзиниот живот во Лондон во нов живот во Сирија“, наведува новинарот на Скај њуз.
Како што се наведува, сега се поставува прашањето што ќе се случи со овие нејзини пари и со парите на нејзиниот сопруг.
Се додава дека куќата е ограбена.