сабота, 27 јули 2024

Што да се прави кога ќе исчезне дете? Кампањата Амбер алерт Европа стартува и во Македонија

„Проверете. Размислете. Пријавете“. Кампањата Амбер алерт Европа ќе биде активна во 16 држави на 14 јазици по повод Меѓународниот ден на исчезнати деца, а се вклучи и македонското МВР по потшишувањето на меморандум со Фондацијата Амбер алерт Европа. Оваа иницијатива, насочена кон родителите и негувателите, овозможува сеопфатни совети „чекор-по-чекор“ што да прават во случај на исчезнато дете.

Објавено на

часот

Сподели

Кампањата ќе почне заеднички во 16 земји, од министерствата за внатрешни работи, националните полиции и водечките непрофитни организации посветени на заштита на децата, информира МВР. Името на кампањата го дефинира нејзиниот основен совет: „Проверете“ за да го потврдите отсуството на детето. „Размислете“ за да се потсетите на најважните детали и да ја процените ситуацијата и „Пријавете“ за да ги алармирате надлежните – итно.

Годишно, илјадници семејства ширум  светот ја доживуваат траумата од исчезнато дете. Во такви моменти, информираноста какви чекори да се преземат е многу важна.

Препознавајќи ја оваа потреба, Амбер алерт Европа соработуваше со експерти од областа на исчезнати личности за да ја развие кампањата „Проверете. Размислете. Пријавете“.

„Секоја година, 300.000 деца исчезнуваат во Европа. Кампањата ‘Проверете. Размислете. Пријавете’ е клучна пресвртница во нашите постојани напори да ги заштитиме децата и да ги поддржиме семејствата во време на такви кризни ситуации“, вели Френк Хоен, претседател и основач на Амбер алерт Европа.

„Нашата цел е да го подобриме времето на реакција и да ги зголемиме шансите за безбедно и брзо повторно обединување на исчезнатите деца со нивните сакани и најблиски“, додава тој.

Кампањата „Проверете. Размислете. Пријавате“ ќе биде споделена во Албанија, Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешката Република, Италија, Литванија, Малта, Холандија, Република Северна Македонија, Полска, Португалија, Словенија, Шпанија и Обединетото Кралство.

Повеќе информации за кампањата и совети за реагирање во случај на исчезнато дете погледнете на овој линк

Амбер алерт Европа, Европски центар за исчезнати деца е фондација која се стреми да ја унапреди заштитата на исчезнати деца и да превенира исчезнување на деца преку нивна едукација и создавање свест за темата на исчезнати деца и основните причини за нивно исчезнување. Амбер аЕвропа поврзува експерти од над 45 владини организации, попрецизно министерства за внатрешни работи и полиции и невладини организации од 28 земји со крајна мисија нула исчезнати деца во Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ