сабота, 27 јули 2024

Штипската болница купила нови душеци и за тоа директорот зборувал на прес-конференција

Дојде време кога ќе се купат нови болнички душеци од тоа да се прави вест. Директорот на болницата во Штип на прес-конференција изјавил дека се купени 140 нови душеци и тоа со прекривки.

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев на денешната прес-конференција рече дека станува збор за набавка на 140 душеци за болничките кревети.

„Тоа е јавна набавка, којашто ја спроведовме во изминатите месец и половина и денеска дојде до реализација. Станува збор за набавка на 140 душеци. Тоа е работа што Клиничка болница-Штип ја реализираше од свои сопствени средства. Вредноста на овие душеци и некаде околу 1,5 милиони денари“, рече Ѓеорѓијев.

Тој посочи дека болничките душеци ќе бидат веднаш распоредени на сите одделенија, со што пациентите кои се хоспитализирани ќе имаат подобри услови за престој и грижа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ