петок, 18 октомври 2024

Штипјанка ја каснал крлеж по што набргу починала од конго-кримска хеморагична треска

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети информира дека во четвртокот во лабораторијата за вирусологија бил докажан причинител на конго-кримска хеморагичка треска кај пациентка која била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести.

„Се работи за 27 годишна жена од село Кучица, штипско која поради брзо прогресирање на болеста починала истиот ден. Тим од одделот за епидемиологија при ИЈЗ во соработка со епидемиолог од СЈЗ Штип направи веднаш увид во селото, клиничката болница Штип и ИМП Штип. Направена е и епидемиолошка анкета за пациентката по што дознавме дека била касната од крлеж кој бил изваден во домашни услови, по појавата на симптоми, неколку дена по каснувањето. Најпрво била хоспитализирана во Штип а потоа во Скопје“, истакна Мемети.

Тој додава дека со оглед на тоа што болеста се пренесува и преку крв од заразеното лице направено било пребарување на сите контакти во семејството, како и во КБ и ИМП Штип при што биле класифицирани според ризик, висок, среден и низок.

Од контактите со висок ризик биле земени 4 материјали за тестирање и истите биле негативни. Сите контакти од среден и висок ризик се ставени под здравствен надзор во наредни 14 дена.

Втор тим од епидемиолози од ИЈЗ направил увид на Инфективната клиника со пребарување на сите контакти и нивна класификација.

Од ИЈЗ велат дека подготвиле сеопфатна информација со сите преземени мерки како и препораки за понатаму.

На почетокот на овој месец, директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, по повод 6 Јули Светскиот ден на зоонозите, апелираше граѓаните да не одат боси по трева и да ги одбегнуваат местата каде што има комарци и крлежи, а своите домашни миленици редовно да ги третираат против паразити. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ