сабота, 27 јули 2024

Штипјани го слават „Четрсе“, празникот на Светите 40 маченици

Денеска во Штип се празнува обичајот „Четрсе“, кој меѓу другото е поврзан со силната вера на 40 римски војници, кои заради Христос претрпеле сурова смрт, со каменување и фрлање во замрзнатото езеро. Организираното празнување, го опфаќа она што денес е влезено на листата на светско нематеријално богатство на УНЕСКО.

Објавено на

часот

Сподели

Вишиот кустос етнолог во Заводот за заштита на споменици и Музеј на град-Штип, Бети Иванова вели дека овој религиозен аспект на празникот датира од 320 година од новата ера и е поврзан со празникот Свети 40 маченици од Севастија. Што го поврзува ова празнување со празникот? Тоа е казнувањето и каменувањето на 40 римски војници во Севастија и фрлање во замрзнатото езеро. Оваа казна била извршена затоа што тие верувале во Бога и поради нивното верување биле каменувани и фрлани во езерото. Организираното празнување на празникот за 22 март – Денот на пролетта потекнува од средниот век, односно од владеењето на Османлиите, кога на самата тврдина на овој ден се организирале пеливански борби во коишто учествувале и муслиманското и христијанското население“, појаснува Иванова.

На овој ден штипјани, но и гости од цела држава го продолжуваат обичајот со искачување на тврдината Исар, собирање каменчиња, и поздравување со 40 луѓе. Денеска сѐ е во знакот на бројот 40.

„Уште од раните утрински часови граѓаните се качуваат кон тврдината и свртени кон реката Брегалница фрлаат каменчиња. Оние кои се немажени или неженети фрлаат 39 каменчиња, а 40 го ставаат под перница верувајќи дека ќе го сонуваат својот иден сопатник“, рече Иванова.

И годинава продолжи негувањето на вековната традиција во Штип искачување на тврдината Исар, во рамки на одбележување на обичајот „Четрсе“. Обврска која треба да ја исполниме е да го сочуваме, но и промовираме културното наследство на градот Штип, истакна денеска градоначалникот, Иван Јорданов.

„Наша обврска е дека мора да ја продолжиме традицијата затоа што Штип има богато културно наследство кое се надевам дека со годините кои престојат ќе го искористиме во насока на развој на туризмот и подигање на потенцијалот којшто го имаме како град“, вели Јорданов.

Средношколците од штипската гимназија Славчо Стојменски во рамки на проектните активности за странски јазици, подготвија летоци кои ги поделија на случајни минувачи, со што се потенцираше значењето на денешниот празник и почитувањето на обичајот „Четрсе“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ