сабота, 27 јули 2024

Штипјанец крадел по цркви во Македонски Брод

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера во близина на село Суводол, Македонски Брод го лишиле од слобода Т. Б. (53) од  Штип, поради сомневање дека извршил тешки кражби во црквата Св.Димитрија во село Требино и црквата Св.Пречиста  во село Русјаци, Македонски Брод.

Објавено на

часот

Сподели

За Т.Б. била распишана и  централна потерница од КПУ-Затвор Струмица за доиздржување на затворска казна за извршени тешки кражби. Тој во целост ги признал кривичните дела и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а спроведен е во КПУ Затвор Струмица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ