четврток, 26 декември 2024

Штипјанец удрил во пешак и избегал од местото на несреќата

Синоќа во СВР Штип било пријавено дека на крстосница на уллиците Панче Караѓозов и Широк Дол патничко возило цитроен ц2 со штипски регистарски ознаки, удрило во пешакот Џ.Е.К. од Турција, со привремен престој во Штип, по што возачот избегал.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Штип. По преземени мерки и активности, полициски службеници го пронашле возачот С.О.(44) од Штип и неговото патничко возило и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ