Образецот на пријавата за штета, како што информираа од Општината, можат да го подигнат од Eдношалтерската канцеларија во Oпштинта или да го симнат од веб-страницата на Општина Делчево.
„Кон пријавата во прилог потребно е да приложат копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од подносителот на барањето, копија од трансакциска сметка, пријава и изјави за штети која можат да ја преземат од (Архива или од веб-страницата delcevo.gov.mk)“, информираа од Општина Делчево.
Пријавувањето, како што додадоа, може да се врши во период од 10 дена.
„Пријавувањето до 22.06.2023 година, секој работен ден од 7,30 ч до 15.30 ч. За дополнителни информации можат да се обратите кај лицето Кире Цоневски на телефонскиот број 078/705-513“, додадоа од Општината.
Воедно, Општина Делчево отвори донаторска сметка за собирање средства во хуманитарни цели. Сметката е со број 7200140320785N3 и е објавена на општинската веб-страница, а средствата собрани на оваа сметка ќе бидат наменети за санација на штетите од природната непогода од поплави и град што го зафати Делчево на 8 јуни 2023 година во попладневните часови.