сабота, 27 јули 2024

Штетата од земјотресот во Јапонија би можела да достигне 16,2 милијарди евра

Штетата предизвикана од земјотресот што ја погоди Јапонија на 1 јануари и уби повеќе од 230 луѓе, според проценките на јапонската влада може да биде помеѓу 6,9 и 16,2 милијарди евра.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Проценката ја зема предвид штетата на зградите и инфраструктурата во префектурата Ишикава, која беше најтешко погодена, како и двете соседни префектури, Тојами и Ниигата, а разликата е толку голема бидејќи сè уште не се проценети сите штети, рече официјален претставник додавајќи дека овој извештај бил презентиран на Советот на министри.

Официјалната проценка е повисока од првите делумни проценки на штетата што ја направи приватниот сектор на почетокот на јануари.

Сепак, вкупната сума на штетата би требало да биде помала од онаа предизвикана по земјотресот и цунамито во 2011 година во североисточна Јапонија, која изнесуваше 147 милијарди евра.

Владата вчера донесе мерки за подобрување на условите за живот на лицата евакуирани по земјотресот на 1 јануари, обнова на погодените подрачја и ревитализација на туризмот.

Јапонскиот архипелаг е еден од сеизмички најактивните во светот. Модерните згради во Јапонија можат да издржат многу силни земјотреси, но тоа не е случај за многу стари градби, особено во руралните области како што е полуостровот Ното каде се наоѓа префектурата Ишикава, епицентарот на земјотресот од 1 јануари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ