понеделник, 20 јануари 2025
Судот го прифати предлогот на Обвинителството

Штекли заврши во притвор за трговија со дрога, иста мерка има за уште девет лица

Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор од 30 дена за Раде Трајковски познат по прекарот Штекли, како и за уште девет лица од криминалната група која е осомничена дека се занимава со продажба на дрога.

Објавено на

часот

Сподели

Притворот, како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, почнува да се спроведува од нивното пронаоѓање, односно лишување од слобода.

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство против група, осомничена за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори согласно член 215 ст.3 вв со ст.1 од КЗ, кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во Судот, донесе решенија со кои: Предлогот за определување мерка притвор против : Р.Т., П.З., Д.Т., В.В., А.В., Д.Џ.Х., С.С., С.М., К.К. и Ф.Р. го прифати и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење основните од член 165 ст.1 т.1, 2 и 3 односно, Опасност од бегство, Околности кои укажуваат дека може да ја попречи истрагата со влијание на сведоци и Повторување на делото, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје.

Воедно, како што велат од Судот, прифатен е и предлогот за определување на мерка притвор против две лица кои се недостапни за органите на прогон, а притворот почнува да се спроведува од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода.

Од Кривичен посочуваат дека против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Македонската полиција на 18 јануари го уапси Раде Трајковски-Штекли по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Во ноември минатата година беше фрлена експлозивна направа во двор на куќа во населба Керамидница во Скопје, а од експлозијата со повреди се здоби Трајковски, кој беше пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“. Претходно, на двапати имаше обиди за убиство на Штекли.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ