сабота, 19 октомври 2024

Шпигел: Срам или триумф

Објавено на

часот

Сподели

Германците се радуваа како да станале светски шампиони

Тренерот се сврте настрана и откако сирената означи крај, еуфоријата не можеше да се сопре. Мартин Хојбергер не ги гледаше последните 12 секунди и по меч што ретко се гледа, можеше на крај да воздивне.

„Ова беше лудо. Пеколен меч“, рече Хојбергер по мечот и победата со 24-23 на Германија.

Германија со победата избегна веќе во второто коло да биде исклучена од турнирот. Но сета вредност ќе треба да се потврди в четврток (утре – н.з.) против Шведска во 18.15 часот. Само победа ќе ги задржи шансите за настап на ЛОИ во Лондон.

„Оваа победа е од витално значење. Но тоа е само еден меч. Допрва претстои вистинскиот меч“, вели Хојбергер

За Свен Кристоферсен, победата е добра за самодовербата, затоа што е извојувана пред фанатични 4.000 навивачи. Навивачите ги свиркаа Германците, им се потсмеваа, па дури и пееја „Дојчланд, дојчланд ауфидерзен“. Фрлаа и запалки на теренот.

Не е ни чудо што долго време играчите беа изгубени.

„Хојбергер постојано ни повторуваше да не ја губиме главата, да бидеме ладнокрвни“, рече Миаел Хас.

По мечот, Македонија беше само лош губитник. Македонците поднесоа приговор за поразот, бидејќи сметаа оти им е поништен регуларен гол. Но шансите нешто да се смени се мали, затоа што ТВ-снимките покажуваат дека топката се одбила нанапред откако удрила во пречката.

„Германскиот успех ја смири тензијата, но ништо не е готово. Ситуацијата на ЕП останува напната. Сè уште им се закануваат на светските прваци од 2007 година. Срамота. Пораз од Шведска ќе значи крај, ако Чешка загуби од Македонија. Најдобро е тоа што германската репрезентација, пак, верува во себе. Поминавме две години во порази. Капитенот Паскал Ханс се жалеше по мечот со Чешка дека тимот нема самодоверба. Сега самодовербата се врати, а со неа и храброста. Тоа се особини што може да направат чуда во ракометот“, коментира Егерт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ