сабота, 27 јули 2024

Шпанското разузнавање ги демантираше обвинувањата за шпионажа од страна на Мароко

Извештајот за националната служба за безбедност на Шпанија за 2023 година ги нагласува безбедносните предизвици со кои се соочува Шпанија, како и оние кои ги споделува со Мароко, нивниот јужен сосед.

Објавено на

часот

Сподели

Извештајот ја нагласува соработката меѓу двете земји, потенцирајќи дека Мароко не се впушта во непријателства против Шпанија, што е спротивно на наводите за мароканска шпионажа против шпанските власти.

Во контекст на Мароко, извештајот на националната служба за безбедност на Шпанија ги одразува заедничките  безбедносни грижи на овие географски блиски нации. Прашањата како илегалната имиграција, трговијата со дрога и тероризмот се теми кои бараат координирани напори.

Извештајот ги отфрла тврдењата дека Мароко го користел шпионскиот софтвер „Пегасус“ против шпанските лидери и експлицитно негира какви било докази за мароканска вмешаност во активности од ваков вид, што е во согласност со претходните негирања на шпанските власти во 2022 година.

Заклучоците од извештајот веројатно ги разочаруваат оние кои претходно го обвинија Мароко за шпионажа. Шпанските новинари кои ги објавија овие наводи сега може да се соочат со предизвикот да ги усогласат своите тврдења со официјалниот извештај.

Генерално, Извештајот за националната безбедност на Шпанија сугерира дека помеѓу Шпанија и Мароко постои соработка во поглед со безбедносните прашања.

Во 2022 година протекувањето на податоци од израелскиот проект за шпионскиот софтвер Пегасус откри дека преку 200 телефони на шпански официјални лица биле компромитирани во обид за шпионирање.

Шпанската влада одби да шпекулира кој стои зад прислушувањето. Но медиумите сепак го атрибуираа овој напад на Мароко.

Меѓу наведените цели на нападот кој наводно се случил во 2021 година, во период на дипломатско несогласување меѓу Шпанија и Мароко, беа и шпанскиот претседател Педро Санчез и министерката за одбрана Маргарита Роблес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ