сабота, 27 јули 2024

Шпанските земјоделци ги блокираа главните патишта во државата (ВИДЕО)

Шпанските земјоделци ги блокираа денес главните патишта низ таа земја, како и пристаништето во Малага.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите бараат подобрување на условите за работа на село, почитување на законите за синџирот за исхрана, подобри цени за своите производи и намалување на данокот за дизел, пренесува шпански РТВЕ.

Група од околу 80 трактори тргна од градот Авила кон Мадрид, со намера да го блокира пазарот Меркамадрид, но полициски кордон ги сопре на километар од одредиштето.

Во Ваљадолид утринава е уапсен земјоделец поради напад на полицаец за време на блокадата.

Блокиран во двете насоки бил и автопатот А-4 кој го поврзува Мадрид со Кордоба. Блокирани биле и важни сообраќајници во Ѓирона, Валенсија, Тарагона, Македа и Севиља.

Шпанските земјоделци се придружија со ова на протестите низ Европа, од кои фармерите бараат повисоки цени за своите производи, како и намалување на влијанието на бирократијата.

Се жалат дека еколошките мерки наметнати во Европската Унија ја намалуваат нивната конкурентност во однос на земјоделците во Јужна Америка и европските земји кои не се членки на ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ