четврток, 26 декември 2024

Шпанските власти испраќаат уште 7.500 војници во областа погодена од поплавите

Шпанските власти ќе распоредат уште 7.500 војници во источниот дел на земјата погоден од разорните поплави, во кои досега загинаа најмалку 217 лица, објави владата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес рече дека околу 5.000 војници биле испратени во текот на викендот за да помогнат во дистрибуцијата на храна и вода за пиење, чистење на улиците и заштита на објектите од ограбувачи.

Воен брод се упати кон пристаништето во Валенсија со 104 маринци, како и камиони со храна и вода.

Спасувачките екипи сè уште трагаат по телата на исчезнатите во подземни гаражи, вклучително и паркинг со 5.000 возила во трговски центар во близина на аеродромот во Валенсија.

Огромното мнозинство жртви се регистрирани во Валенсија, а повеќе од 60 во предградието Паипорт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ