сабота, 27 јули 2024

Шпанскиот премиер за Палестина ќе оди на турнеја по ЕУ: „Ни треба критична маса“

Шпанскиот премиер Педро Санчез во петок почнува турнеја на која ќе разговара со лидерите на Норвешка, Ирска, Португалија, Словенија и Белгија за заедничко признавање на независноста на Палестина, соопшти денес шпанската влада.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сакаме да ја сопреме хуманитарната катастрофа во Појасот Газа и да лансираме мировен процес кој што побрзо би довел до реализација на решението со две држави“, кажа владината портпаролка Пилар Алегриа.

Санчез неодамна кажа дека Шпанија до јули планира да ја признае независноста на Палестина и дека наскоро во Европската Унија ќе има „доволно голема критична маса“ за и други земји да ја заземат истата позиција. Тој во петок ќе отпатува во Норвешка и Ирска, а потоа ќе разговара со премиерите на Португалија, Словенија и Белгија.

Шпанија, Ирска, Малта и Словенија потпишаа минатиот месец во Брисел заедничко писмо во кое бараат целата Европска Унија да ја признае Палестина, што го сметаат за предуслов за траен мир на Блискиот Исток. Израел во 1967 година ги окупираше палестинските територии и се противи на формирање држава Палестина. Израелската влада смета на поддршката на Соединетите Американски Држави кои го снабдуваат со оружје, а Вашингтон порача дека државноста на Палестина и мирот мора да се постигнат само во директни преговори на двете страни.

Обединетите нации веќе подолго време предлагаат решение на конфликтот со формирање две држави, Израел и Палестина, во границите од 1967 година, кои би живееле во мир една покрај друга. Палестина од 1988 година ја признаа 139 од 193 држави во Обединетите нации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ