сабота, 27 јули 2024

Шпанскиот премиер му порача на Израел: Бројот на мртви Палестинци е навистина неподнослив

Објавено на

часот

Сподели

За време на денешната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Санчез рече дека Шпанија постојано ги осудува шокантните терористички напади на Хамас и го признава правото на Израел да се брани, но додаде дека израелските власти мора да го почитуваат меѓународното право.

„Да бидам јасен: Израел мора да го почитува меѓународното право, вклучително и меѓународното хуманитарно право. Целиот свет е шокиран од снимките што секојдневно пристигнуваат од Газа. Бројот на убиени Палестинци е навистина неподнослив. Верувам дека цивилите мора да бидат заштитени по секоја цена“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ