четврток, 30 мај 2024

Шпанскиот премиер ја доби поддршката на Ирска и Норвешка за признавање на Палестина, но не и од Португалија

Шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез, кој собира поддршка ширум Европа за признавањето на палестинската независност, ги доби Ирска и Норвешка, но не и Португалија откако конзервативците дојдоа на власт таму, објави шпанската јавна телевизија ТВЕ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Она што се случи викендов потврдува дека она што го заговараме со месеци е неопходно“, рече Санчез на вчерашната прес-конференција на која присуствуваше со новиот португалски премиер Луис Монтенегро.

Во саботата вечер Иран го нападна Израел со беспилотни летала како одговор на ракетниот напад врз иранскиот конзулат во Сирија.

„Сега пред нас се отвораат два патишта. Едниот води кон ескалација на војната, а другиот води кон прекин на огнот на сите страни“, рече Санчез. „Од почетокот на оваа криза, Шпанија се залага за мировен процес со решение за две држави, а со тоа и за заемно признавање на Палестина и Израел“, додаде тој.

Претходно Санчез рече дека Шпанија има намера да ја признае независната држава Палестина до јули и дека наскоро може „да се создаде критична маса“ во ЕУ за тоа да го сторат и другите земји.

Во ова на Шпанија ѝ се придружија Ирска и Норвешка, кои Санчез ги посети во петокот, но новоизбраната влада на Португалија остана воздржана.

„Не сум толку далеку од признавањето на Палестина, но верувам дека решението за две држави треба да се усвои во мултилатерално опкружување“, рече Монтенегро. Тој објасни дека ЕУ треба да донесе заедничка одлука за ова. Сепак, тој ја поддржа шпанската иницијатива за прекин на огнот и влез на хуманитарна помош во Појасот Газа, што на копнените премини не го дозволува израелската војска.

Санчез истакна дека меѓународната заедница веќе доцни со спроведувањето на решението за две држави, кое претходно беше предложено од ОН во границите од 1967 година.

„На Палестинците не може да им се помогне ако не се признае нивното постоење“, рече тој. Тој рече дека признавањето на Палестина, која ќе живее во мир заедно со Израел, е „единствениот начин за мирен соживот на Израелците и Палестинците“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ