четврток, 26 декември 2024

Шпанскиот крал и премиерот се откажаа од понатамошни посети на погодените места по дочекот со кал и камења

Шпанскиот крал, кралицата, премиерот и претставник на покраината Валенсија се откажаа од понатамошни посети на поплавените подрачја откако беа дочекани со кал, камења и навреди во местото Паипорта.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во поплавите во Шпанија загинаа најмалку 217 лица, а по стотици се трага, откако во вторник обилен дожд се истури врз југоистокот на земјата и предизвика поплави.

Кралот Фелипе Шести, кралицата Летиција, премиерот Педро Санчез и регионалниот претставник Карлос Мазон вчера отишле да им изразат солидарност на погодените жители, но посетиле само едно место. По непријатниот дочек во Паипорта, каде поплавата однела 62 животи, активиран е протоколот за заштита на функционерите со што завршила нивната посета.

Наместо да заминат во следното погодено место Чиву, каде живеат 16.750 луѓе, заминале во кризниот штаб во градот Валенсија.

Самиот град останал нечепнат во невремето, а кризниот штаб го чува полицијата. Пред зградата има демонстранти.

Санчез од таму кратко ѝ се обрати на јавноста, порачувајќи дека „нема да скршне од целта без оглед на насилните моменти“.

„Главната цел е да се спасат животи, да се најдат телата на оние кои можеби настрадале во оваа природна катастрофа и да се обноват уништените подрачја“, порача премиерот.

Во Пиапорта, оддалечен седум километри од Валенсија, демонстранти фрлале кал и камења на автомобилот на премиерот. Некои со нозе го шутирале возилото. Кабинетот на премиерот соопшти дека Санчез и останатите функционери се добро.

Некои жители на покраината Валенсија се чувствуваат напуштени и сметаат дека биле доцна предупредени на смртоносното невреме. Тврдат дека државните служби доцнеле со помошта за настраданите луѓе.

Метеоролошката служба АЕМЕТ соопшти дека дожд повторно би можел да врне во покраината Валенсија за која издаде највисоко „црвено предупредување“. Сепак, проценуваат дека би можеле да паднат околу 90 литри по метар квадратен за саат време, драстично помалку од вторникот вечерта кога во некои места наврнаа повеќе од 400 литри за еден час на метар квадратен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ