среда, 26 март 2025

Шпански весник: Историскиот бунт во Србија не попушта, неговото семе рти и во институциите на власта

Историскиот бунт на студентите и граѓаните на Србија против „корумпираниот, клиентелистички режим“ не попушта и неговото семе рти и во институциите на власта, пишува шпанскиот весник Периодико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Периодико укажува на тоа дека Русија, Америка, а ни Европската Унија не ги поддржаа демонстрантите во Србија и наведува дека „Европската Унија е заглавена зад германскиот став да се зачува на власт лицето за кое се мисли дека е помалото зло“.

Оние кои одлучуваат во ЕУ, смета шпанскиот весник, „веруваат дека (српскиот претседател Александар) Вучиќ има сила да ја одржи стабилноста во регионот, особено кога станува збор за конфликтот околу Косово, а додека трае украинската војна“.

„Помирливите изјави на европските лидери во таа смисла силно ги разочараа демонстрантите во Србија“, истакнува Периодико.

И, како што се додава, „во Србија се создаде поинаква реалност, бидејќи возрасни граѓани им се придружија на младите, и покрај пропагандната машинерија и нападите од власта, кои се обвинети дека дури употребиле и звучен топ за да ги разбијат протестите“.

„И покрај тоа“, се наведува во опширната анализа на шпанскиот весник, истражувањата на јавното мислење покажуваат дека преку 60 отсто од граѓаните ги поддржуваат н протестите, а на нив им се приклучија широки слоеви на општеството“.

„Им се приклучија не само професори, интелектуалци, уметници и познати личности, како светската ѕвезда Новак Ѓоковиќ, туку и рудари, наставни, мали претприемачи, таксисти, синдикалисти, работници во услужниот сектор и земјоделци, значи разни слоеви на општеството и инвестирани се во темите кои ги тиштат, како зачувувањето на природната средина и сè поголемиот јаз меѓу богатите и сиромашните“, забележува Перидико.

Шпанскиот весник истакнува дека „бунтот сè уште не успеал да ја разбие власта на Вучиќ, заснована на клиентелистички систем на државни функционери, мали политички шефови, оние кои ги држат лостовите во економијата и меѓусебно ги делат јавно-приватните средства на земјата“.

„Таа група не е мнозинска во Србија, но сè уште се држи поради неспособноста на распарчената опозиција да понуди алтернатива“, додава Периодико.

Но забележува дека сепак има сè повеќе протести во некои тела на државата, вклучувајќи ја Радио телевизија Србија, за што особено зборува штрајкот на солидарноста на Дарко Шпер во Радио телевизија Војводина кој ги поддржа студентските барања и го осуди известувањето на јавната телевизија која ја шири пропагандата на власта.

Периодико наведува и дека се случил и штрајк во дел од српското правосудство со објаснување од адвокатот Родољуб Шабиќ дека „сега нештата во земјата се доведени до момент кога мора да се случи промена“.

Шпанскиот весник заклучува со зборовите на Шабиќ дека „сегашниот режим, што го покажуваат убедливи светски извештаи и податоци, Србија ја урнал меѓу најкорумпираните земји, со една од највисоките стапки на организиран криминал, најслабо дејствување на правната држава, најлоша состојба на слободата на печатот и ја претворил во една од најсиромашните земји во Европа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ