„За една недела успеавме да повлечеме од пазарот 11 тони кокаин“, им кажа на новинарите во Мадрид Антонио Мартинес Дуарте, шефот на централната полициска единица за борба против дрогата и организираниот криминал.
Запленетата дрога испратена од Колумбија преку Еквадор била најдена во контејнери во пристаништата Виго (Галиција, северозапад) и Валенсија (исток).
Во пристаништето Виго полицијата запленила 7,5 тони кокаин скриени во смрзната туна. Тоа е најголемото запленување досега во Галиција, регионот кој долго служеше како место на влегување на кокаинот од Јужна Америка од каде се дистрибуираше низ Европа.
Во Валенсија се запленети 3,4 тони кокаин скриен во дупло дно на бродски контејнер.
Se pasaron de la raya…
??11 toneladas de #cocaína intervenidas
??20 detenidos
Dos organizaciones criminales intentaban introducir la droga en #España?? para distribuirla por Europa ?? pic.twitter.com/ffojeYs8r7
— Policía Nacional (@policia) December 12, 2023
Во тие две акции од крајот на ноември се уапсени дваесет лица, главно Албанци. Со нив има и еден Колумбиец, еден Доминиканец и неколку Шпанци од кои еден е претприемач од Галиција кој за транспорт на дрогата користел своја фирма за увоз на риба.
Врската меѓу тие две полициски акции е тоа што „сметаме дека албански организации стојат зад нив“, кажа Дуарте и истакна дека сите европски полиции се многу заинтересирани за мафијата од југоистокот на Европа наречена „Балкански картел“.
„Албанските мафии веќе некое време го држат монополот во транспортот на дрогата не само во Европа, туку и во Јужна Америка. Тие организации се зацврстени на местото на потекло (Јужна Америка) и од почетокот до крајот го контролираат транспортот на дрогата“, додаде тој.
Според комесарот Карлос Гомез, шефот на Централната бригада за наркотици, дошло до промена во трговијата со кокаин во Европа.
„Преминаа од „херметички затворени“ организации какви што беа поранешните колумбиски и мексикански организации кои го контролираа целиот процес, на многу поотворени организации, расфрлани, интернационализирани кои одат сè до создавање на криминални здруженија за распределба на ресурсите“, кажа тој.