недела, 20 октомври 2024

Шпанската национална метеоролошка агенција: Август 2024 година беше најтоплиот месец досега

Шпанската државна метеоролошка агенција (Аемет) објави дека август 2024 година, со просечна температура од 25 степени Целзиусови, бил најтопол досега во земјата.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Со просечна температура од 25 степени, август беше два степени Целзиусови над просекот за тој месец забележан од 1991 до 2020 година и ги надмина за две десетини од степен температурите за август 2003 и 2023 година, кои го забележаа најтоплиот август досега, додава агенцијата.

Аемет додаде дека со оглед на податоците регистрирани во првите осум месеци од оваа година, 2024 година се очекува да биде најтоплата откако се води евиденција и ќе биде еднаква на 2022 година.

Четирите најтопли години регистрирани во Шпанија би можеле да бидат последните четири години, според шпанската метеоролошка агенција, пренесува АФП.

Во текот на 2022 и 2024 година просечната температура била 15,8 степени, пишува агенцијата, додавајќи дека многу блиску ги следат 2023 и 2024 година со просечни температури од 15,7 степени.

Иако е навикната на високи температури, Шпанија се соочува со се почести топлотни бранови во пократки интервали, понекогаш и надвор од летните месеци, што ги загрижува научниците.

Во 2023 година, според агенцијата, во земјата имало седум топлотни бранови.

Од 1975 година, времетраењето на овие бранови во Шпанија се зголемува за три дена по деценија, а просечната температура се зголемува за 2,7 степени по деценија, посочува агенцијата.

Предизвикано од емисиите на стакленички гасови и човечката активност, климатското затоплување го зголеми интензитетот, времетраењето и зачестеноста на топлотните бранови.

Овој феномен е особено видлив во Европа, континент кој се загрева двојно побрзо од просекот на планетата и каде што е веќе најмалку 1,2 степени потопло отколку пред индустриската ера, според научната заедница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ