Пред помалку од една година, во женската фудбалска репрезентација на Шпанија се случи бунт, 15 фудбалерки го кренаа гласот, побараа промена на селекторот Хорхе Вилда и порачаа дека повеќе нема да играат за репрезентацијата.
Но Хорхе Вилда и првите луѓе на ФФШ не потклекнаа на притисокот, и сега се радуваат на најголемиот успех во историјата.
Шпанија денеска во финалето со 1-0 ја совлада Англија и стигна до првата титула на Светските првенства.
Херој на мечот е Олга Кармона, фудбалерката на Реал Мадрид одлично биеше по земја во 29. минута и го постигна голот кој на крајот вредеше злато.