недела, 20 октомври 2024

Шпанија со пресврт до победа над Мароко и финале на Олимписките игри (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Шпанија обезбеди медал на Олимписките игри во Париз откако во полуфиналето го совлада Мароко со 2-1 иако губеше по првото полувреме.

Објавено на

часот

Сподели

Мароканците дојдоа до водство со гол на Рахими од пенал во 37. минута. Само тој погодок беше постигнат во првото полувреме.

Мароко предноста ја чуваше до 66. минута кога Фирмин Лопез изедначи на 1-1, а на пет минути до крајот тој асистираше до Хуанлу Санчез за комплетен пресврт и победа на Шпанија од 2-1.

Шпанија во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Франција и Египет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ