сабота, 19 октомври 2024

Шпанија, Шкотска и Турција обезбедија пласман на Европско првенство (ВИДЕО)

Шпанија со 1-0 славеше на гостувањето кај Норвешка, а тоа значи дека тие и Шкотска се пласираат од оваа група, на Европско првенство оди и Турција, најголеми губитници се Хрватите кои веќе не одлучуваат сами.
 

Објавено на

часот

Сподели

Со гол на Гави во 49. минута, Шпанија со 1-0 славеше на гостувањето кај Норвешка.

Норвежаните со овој пораз ги загубија сите шанси за едно од првите две места, тие имаат уште еден меч до крајот, а пет бода помалку од Шпанија и Шкотска.

Хрватска со 2-1 загуби на гостувањето кај Велс, два порази по ред за коцкастите во овие квалификации и сега ќе бараат помош од Турција која со денешната победа над Летонија од 4-0 избори пласман на Европското првенство.

Ако не успее Хрватска да се пласира преку квалификациите, ќе може тоа да го направи преку Лигата на нации.

Во останатите денешни натпревари Полска киксна против Молдавија, одигра само 1-1, Романија со 4-0 ја совлада Андора, Швајцарија и Белорусија одиграа 3-3, Чешка со 1-0 ги совлада Фарските острови, а Грузија со 4-0 беше подобра од Кипар.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ