сабота, 19 октомври 2024

Шпанија победи и направи хаос во групата

Објавено на

часот

Сподели

Хрватска имаше водство постојано на мечот и имаше трасиран пат кон полуфиналето, без оглед што не блескаше. Но, откако седум минути пред крајот Губиндо последен пат израмни на 21-21, Хрватите како да се загубија на теренот. Макуеда и Канелас со головите во финишот ги поставија конечните 24-22, откако Хрватска промаши напад за израмнување во последните 70 секунди.

Со поразот, Шпанците сега се први во групата, а откако Франција и Исланд ги освоија првите бодови на стартот на втората група во главната фаза на ЕП, допрва претстои возбудување во битката за распределба на местата за полуфиналето. Со триумфите на Франција и Исланд, сега буквално сите селкции во последните две кола влегуваат со подеднакви шанси за пласман во борбата за медали.

Светскиот првак Франција многу потешко од очекувањата ја победи Словенија со 28-26, триумф, кој буквално го обезбеди по две одбрани на Тиери Омејер. Словенците имаа 25-25 на неполни шест минути до крајот, кога на сцена стапи Омејер (14 одбрани).

Ксавиер Браше со шест гола беше најдобар стрелец за „триколорите“, кои ја фатија последната сламка на спасот и остануваат во игра за полуфинале.

Нешто поубедлив беше Исланд и тоа изненадувашки против Унгарија, особено откако Исланѓаните загубија од Словенија и се преселија во Нови Сад без бодови. Но, Валуд Сигурдсон и Арнор Атласон со по пет гола беа предводници во триумфот, кој Исланд го обезбеди уште по доброто полувреме и четирите гола предност, по кои Унгарија не се врати воопшто на мечот.

На табелата пред второто коло води Шпанија со пет бода, следи Хрватска со 4, Унгарија има 3, а Франција, Исланд и Словенија по 2. Во вторник во второто коло Шпанија игра со Исланд (16.10), следи дуелот Франција – Хрватска (18.10), а рундата завршува со мечот Унгарија – Словенија).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ