Увозот во првите седум месеци ја надминал целата 2023, кога Венецуела на Шпанија ѝ испорачала 1,4 милиони тони нафта. Венецуела, членка на земјите извознички на нафта (ОПЕК), го зголемила извозот на нафта во првата половина од годината главно поради дозволите кои Соединетите Американски Држави ги издадоа на партнери на нејзиниот државен произведувач ПДВСА.
Вашингтон го иззема извозот на нафта од санкциите, а најголемата шпанска нафтена компанија Репзол го зголеми увозот како дел од договорот со ПДВСА за плаќање на долгот со нафта. Венецуела произведува нафта од 1914 година и го формираше ОПЕК во 1960 година заедно со Иран, Ирак, Кувајт и Саудиска Арабија.