сабота, 27 јули 2024

Шпанија, Норвешка и Ирска официјално ја признаа палестинската држава, раздорот меѓу ЕУ и Израел се шири

Шпанија, Норвешка и Ирска официјално ја признаа палестинската држава во координирани напори да го зголемат меѓународниот притисок врз Израел за да ја стивне својата разорна офанзива во Појасот Газа. Тел Авив брзо го искритикува дипломатскиот потег, за кој рече дека нема да влијае на неговата жестока војна против движењето Хамас.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На денешниот состанок шпанската влада усвои декрет за официјално признавање на државата Палестина, објави владиниот портпарол.

Шпанскиот премиер Педро Санчез утрово во кратка изјава пред официјалната одлука на владата оцени дека признавањето, координирано со Ирска и Норвешка, е „неопходно“ за „постигнување мир“ меѓу Израелците и Палестинците.

Денешното признавање на палестинската држава од страна на Шпанија, Ирска и Норвешка Израел го осудува како награда за Хамас за повеќе од седумте месеци војна во Газа. Трите европски земји веруваат дека нивната иницијатива има силно симболично влијание што веројатно ќе ги охрабри другите да го следат примерот.

Признавањето на Палестина минатата недела поединечно го најавија премиерите на тие три земји, а денеска тоа и официјално го сторија заедно.

Ирскиот премиер Сајмон Харис денеска пред состанокот на неговиот кабинет на кој официјално беше објавена одлуката за признавање на Палестина, изјави дека тоа е „важен момент што испраќа сигнал до светот дека како земја можете да преземете практични активности за да помогнете да се одржи во живот надежта за решение со две држави во време кога, за жал, други настојуваат со бомби да го испратат во заборав“.

Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде во изјавата рече дека повеќе од 30 години Норвешка е една од земјите што најмногу се залагале за палестинска држава.

„Денес, кога Норвешка официјално ја признава Палестина како држава, е значаен момент во односите меѓу Норвешка и Палестина“, рече Еиде.

Норвешка, која за разлика од Шпанија и Ирска не е членка на ЕУ, но често се усогласува со нејзината надворешна политика, во текот на викендот ѝ предаде дипломатски документи на палестинската влада пред официјалното признавање.

Шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез помина неколку месеци во некои европски и блискоисточни земји за да добие поддршка за признавањето на палестинската држава и прекин на огнот во Газа.

Иако десетици земји претходно ја признаа палестинската држава, ниту една од големите западни сили не го стори тоа. Сепак, приклучувањето на трите европски земји кон таа група претставува победа за палестинските напори, барем во јавното мислење во светот.

Односите меѓу ЕУ и Израел се нарушени поради денешното дипломатско признавање на две членки на ЕУ – Шпанија и Ирска. Мадрид, исто така, во понеделникот инсистираше ЕУ да преземе акција против Израел поради неговите смртоносни напади врз градот Рафа во јужниот дел на Газа.

Норвешка, која не е членка на ЕУ, но често ја усогласува својата надворешна политика со неа, во текот на викендот ѝ предаде дипломатски документи на палестинската влада пред денешното официјално признавање.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, цврсто застана зад Меѓународниот кривичен суд, чиј обвинител бара налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други, како и на водачот на милитантната група Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ