сабота, 27 јули 2024

Шпанија ќе се залага за траен прекин на огнот во Газа и признавање на палестинска држава

Шпанија ќе се залага за траен прекин на огнот во Појасот Газа и признавање на палестинска држава на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската Унија во Брисел, кажа шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Албарес, пред состанокот, кажа дека целата меѓународна заедница би требало да ја признае независна Палестина бидејќи тоа е единствениот начин да се гарантира сигурност и стабилност за Израел и Палестина, како и за целиот Блиски Исток.

Тој додаде дека состанокот во Брисел ќе биде основа за светски мир и стабилност.

Како што наведе, европските министри за надворешни работи ќе се сретнат со колегите од Палестина, Израел, Египет, Јордан, Саудиска Арабија и генералниот секретар на Арапската лига, за да ги слушнат нивните ставови и да разменат мислења.

Албарес кажа дека ќе се залага и за неограничен пристап до хуманитарна помош во Газа, како и за предлогот на Шпанија да се одржи мировна конференција.

„Мировната конференција би послужила за имплементација на решението со две држави кои служи за создавање реална и одржлива палестинска држава“, додаде Албарес.

И високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жосеп Борел инсистираше на решение со две држави, порачувајќи му на Израел дека не може да гради мир само со воени средства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ