сабота, 27 јули 2024

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанскиот премиер Педро Санчез им кажа денес на новинарите дека Шпанија до јули ќе ја признае независноста на Палестина, а дека во претстојните месеци и други земји ќе го направат истото, јави шпанската новинска агенција ЕФЕ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Санчез е на блискоисточна турнеја во рамки на која ќе ги посети Јордан, Катар, и Саудиска Арабија. За време на првиот ден неформално разговарал во Аман со шпански новинари на кои им кажал дека неговата влада планира да ја признае Палестина во следните три месеци, а дека наскоро би можела „да се создаде критична маса“ во Европската Унија па тоа да го направат и други земји.

Санчез на 22 март во Брисел разговарал со премиерите на Ирска, Словенија и Малта кои најавиле признавање на Палестина „кога ќе се создадат соодветни услови“.

Израел им порача на тие земји дека „го наградуваат тероризмот“ и дека тоа би ги намалило шансите за преговори околу конфликтот во Појасот Газа.

Европската Унија и арапските земји со заедничка декларација во ноември наведоа дека единственото можно решение на конфликтот е она со две меѓусебно признати соседни држави. Израел го одбива тоа решение и продолжува со окупација на Западниот брег и на Појасот Газа.

Шпанија со месеци ја промовира идејата за одржување меѓународна мировна конференција од која Израел и Палестина би заминале меѓународно признати. Санчез претходно го понуди Мадрид како седиште на таква конференција. Палестина досега ја признаа 139 земји во светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ