петок, 18 октомври 2024

Шошиќ на местото од Димитријевиќ оди во Талин

Објавено на

часот

Сподели

Поради повреда Јончевски мораше да се откаже од услугите на Ненад Димитријевиќ, на негово место е повикан Андреј Шошиќ од младинската селекција.

„Ненад Димитријевиќ нема да патува со нас на претстојниот предолимписки турнир. Тој се пожали на болка во тетивата, како што ме информираа од лекарскиот тим, станува збор за истегнување, повредата не е премногу сериозна, но бара мирување во следните денови и доаѓа во најлош момент за нас“, вели Јончевски.

Овие 12 кошаркари ќе настапат за Македонија во Талин: Војдан Стојановски, Ти-Џеј Шортс, Стојан Ѓуроски, Љубомир Младеновски, Дамјан Робев, Андреј Маслинко, Андреј Магдевски, Андреј Шошкиќ, Андреј Андоноски, Теодор Симиќ, Петар Бошалески и Марко Миловановиќ.   

На турнирот покрај Македонија и Естонија, играат уште и Израел и Чешка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ