сабота, 27 јули 2024

Шон Пен славата ја нарекува „болест“

Објавено на

часот

Сподели

Пен, кој глуми во „Ова мора да е местото“, чувствува дека може да се поврзе со својот лик Чејен, нашминкана рок-ѕвезда што оди во егзил за да го избегне публицитетот. Потоа Чејен патува по светот во потрага по нацистот што го измачувал татко му. Пен го напаѓа публицитетот нарекувајќи го „одвратна болест на славните“.

За Вашингтон пост Пен додава: „Мислам дека ѕвездениот статус го намалува квалитетот на животот. Не за луѓето кон кои е фокусот, иако тоа е нешто што мене лично ме компромитира. Но во однос на културата во целина, постои некоја колективна посветеност… Мислам дека тоа е станато евтино.“

Ваквите идеи Пен ги изнесе на годинашниов Санденс филм фестивал, кој се одржа во Јута, САД. Неговиот нов филм ќе ги освои киносалите во март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ