сабота, 27 јули 2024

Шолц вели „нема кратенки“ за Украина на патот кон ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Шолц рече дека не е склон да ѝ дозволи на Украина да се приклучи на Европската унија „преку кратенки“, бидејќи „процесот на пристапување не е прашање на неколку месеци или години“.

„Фактот дека нема кратенки за Украина на патот кон Европската унија е императив на правичност кон шесте земји од Западен Балкан кои со години сакаат да се приклучат на европскиот блок“, им рече канцеларот на пратениците во Бундестагот.

Тој потсети дека шест земји од Западен Балкан со години спроведуваат реформи и додаде дека „почитувањето на нашите обврски кон тие земји не е само прашање на веродостојност“. „Се работи за наша лична безбедност што не може да се постигне без европски и стабилен Западен Балкан“, истакна тој.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер напиша дека Украинците ги „навредува“ тоа што се третирани како „граѓани од втор ред“. „Стратешката нејасност кон европската перспектива на Украина, промовирана од некои европски престолнини во последниве години, не успеа и мора да заврши“, напиша тој.

Францускиот претседател Емануел Макром исто така неодамна рече дека ќе бидат потребни „децении“ за кандидат како Украина да се приклучи на Европската унија и повика на создавање поширок политички клуб надвор од европскиот блок во кој може да влезе и Британија.

Шолц верува дека Макрон има во право кога вели дека процесот на пристапување не е прашање на неколку месеци или години и смета дека сега е најважно „да се фокусираме на брза и прагматична поддршка за Украина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ