понеделник, 9 декември 2024

Шолц: Украина не може да го користи германското оружје за напади на руската територија

Објавено на

часот

Сподели

„И во иднина ќе биде така… За нас е многу важно оружјето што го снабдуваме и со кое Украина може да се одбрани да не се користи за напад на руска територија“, рече Шолц, зборувајќи за воената помош за Украина.

„Овие правила ги следат и другите западни земји што ја снабдуваат Украина со оружје за да се спротивстави на рускиот напад“, објасни канцеларот и нагласи дека Германија никогаш не презема „еднострани чекори“, туку секогаш дејствува во „договор со партнерите“.

Шолц исто така истакна дека политиката на Берлин не вклучува само поддршка за Киев, туку и спречување ескалација на конфликтот меѓу Русија и земјите од НАТО.

Според Дојче веле, на списокот на оружје доставено во Украина, кој редовно се ажурира на веб-страницата на германската влада, се наоѓаат 34 системи гепард со 6.000 парчиња муниција. Германија, исто така, планира да ѝ даде на Украина уште три такви системи и 300.000 парчиња муниција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ