вторник, 24 декември 2024

Шолц: Путин ќе преговара само кога ќе сфати дека не може да ја скрши одбраната на Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Светот е на пресвртница“, рече Шолц, додавајќи дека „не е само Украина загрозена туку и системот на меѓународна соработка создаден по двете светски војни“.

„Не смееме да му дозволиме на Путин да победи во оваа војна. Цврсто верувам дека нема да победи“, рече германскиот канцелар, додавајќи дека верува во тоа поради силниот отпор на Украинците, но и во помошта што меѓународната заедница ѝ ја пружа на Украина.

Тој предупреди дека цената за рускиот режим може да биде огромна и додаде: „Путин сериозно ќе преговара само кога ќе сфати дека не може да ја скрши одбраната на Украина“.

„Нема да има никаков мир под диктат. Украина нема да го прифати тоа, ниту ние“, додаде Шолц.

Реакцијата на Германија на руската инвазија на Украина со месеци е под лупа поради значајната зависност на Германија од рускиот гас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ