сабота, 21 декември 2024

Шолц им порача на Германците: Оваа зима нема субвенции за струја

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа би било економски погрешно, фискално некоректно и секако би создало погрешни стимулации“, вели Шолц, кој пред неколку дена рече дека од субвенциите е поважно трајно да се намали цената на струјата.

Шолц и претходно зборуваше на оваа тема, па пред неколку месеци соопшти дека клучот за намалување на цените на енергијата за германската индустрија е да се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори.

Министерот за економија Роберт Хабек смета дека намалената цена на струјата за индустријата треба да важи ограничен временски период за компаниите кои се особено енергетски интензивни и кои се во голема мера изложени на меѓународна конкуренција.

Германските индустријалци повеќе пати предупредуваат дека цените на електричната енергија се превисоки во споредба со другите земји, со што германската тешка индустрија се наоѓа во структурно неповолна положба во споредба со другите производствени центри како што се САД и Кина.

Германското министерство за економија, предводено од Роберт Хабек, претходно објави план за субвенционирана цена од шест центи за киловат час до 2030 година, но министерството за финансии на Шолцовата коалициска влада на се откажа од шемата за субвенционирање, наведувајќи дека таа не се вклопува во буџетот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ