сабота, 19 октомври 2024

Шолц: Европската унија мора да се промени. Ни треба геополитичка унија

Објавено на

часот

Сподели

Тој рече дека минатата година е донесена важна одлука во обликувањето на геополитичка Европа со доделување кандидатски статус на неколку земји, а со некои од нив се отворени и пристапни преговори. „Им кажавме на граѓаните на земјите од Западен Балкан, Украина, Молдавија и во перспектива на Грузија: Вие нам ни припаѓате, сакаме да станете дел од нашата Европска унија“, рече Шолц.

Тој додаде дека не се работи за алтруизам, туку дека има економски причини за тоа и дека се работи за веродостојноста на ЕУ. Тој посочи дека станува збор и за мирот во Европа по пресвртницата што ја претставува рускиот напад врз Украина. Тој рече дека правичната политика на проширување значи исполнување на ветувањата кои пред сѐ им беа дадени на земјите од Западен Балкан, на кои пред 20 години им беше ветена европска перспектива.

Успехот на политиката на проширување бара нормализација на односите меѓу Србија и Косово и продолжување на спроведувањето на реформите во кандидатските земји, рече тој. Германскиот канцелар се залага за мултиполарен поредок во кој Европа ќе биде добро место за живеење, рамноправна со другите региони и земји во светот.

Тој вели дека Европа има глобална одговорност и дека нејзината благосостојба не може да се одвои од ситуацијата во остатокот од светот. Шолц рече дека треба да се зајакне европската одбранбена индустрија, соработката во областа на воздушната одбрана, имплементацијата на Стратешкиот компас, поблиската соработка меѓу ЕУ и НАТО. Шолц се залагаше за зајакнување на трансатлантскиот сојуз на партнерска основа.

„Колку повеќе инвестираме во нашата безбедност и одбрана, граѓанската отпорност, технолошкиот суверенитет, доверливите синџири на снабдување, во нашата независност во поглед на критичните суровини, толку подобри сојузници сме со нашите трансатлантски пријатели“, рече Шолц. Германскиот канцелар се залагаше за континуирана поддршка за Украина во нејзината одбрана од руската агресија и помошта од ЕУ за повоената обнова на земјата.

Во врска со односите со Кина, која ЕУ ја дефинира како партнер и системски ривал, Шолц рече дека го поддржува пристапот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која рече дека е неопходно да се намали ризикот од зависноста од Кина, а не одвојување од Кина.

Тој се залагаше за партнерски односи со земјите од глобалниот југ, со цел сериозно да се сфатат нивните грижи и легитимни интереси. „Затоа е важно Европа да покаже солидарност и да помогне во борбата против сиромаштијата, за безбедноста на храната и да ги исполни ветувањата што ги даде во однос на заштитата на климата“, рече Шолц.

Тој рече дека е потребно да се склучат договори за слободна трговија со земјите од Јужна Америка, со Мексико, Индија, Индонезија, Австралија, Кенија и во перспектива со многу други земји. „Има многу смисла брзо да се склучат нови договори за слободна трговија со (јужноамериканскиот трговски блок) Меркосур, со Мексико, Индија, Индонезија, Австралија, Кенија и – долгорочно гледано – со многу други земји“, рече Шолц.

„Европа мора да се сврти кон светот. Ако продолжиме со неплодни преговори за нови договори за слободна трговија во годините што доаѓаат, други ќе ги диктираат правилата – со пониски еколошки и социјални стандарди“, тврди германскиот канцелар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ